Политика за колачиња

Што се колачињата (cookies)?

Колачињата (cookies) се мали текстуални датотеки, кои се сместуваат во Вашиот компјутер или мобилен телефон од страна на веб-страниците кои ги посетувате. Овие текстуални датотеки можат да бидат прочитани од страна на веб-страниците кои ги посетувате и да помогнат во Вашата идентификација кога повторно ќе ја отворите веб-страницата. Овие текстуални датотеки можат да бидат „постојани“ или „привремени“. Постојаните колачиња (cookies) остануваат на Вашиот компјутер и кога ќе го исклучите пребарувачот (ќе преминете во „офлајн“ состојба), додека привремените се бришат штом го затворите интернет пребарувачот. Колачињата (cookies) се користат за повеќе цели, како на пример за да се запомнат Вашите активности и преференции (вклучувања, јазични преференции, големина на фонт или како да Ви се прикажува страницата), за да се обезбеди персонализирана/приспособена содржина на веб-страницата и да се прикаже навигациската историја на истата.  

Зошто користиме колачиња (cookies)?

На оваа веб страница користиме колачиња (cookies) од следниве причини:

  • За техничко функционирање на веб страницата;
  • За собирање на збирни и анонимни статистички податоци;
  • За да ги запомниме Вашите преференции како да се прикажува страницата (преференции за параметрите на екранот), како на пример контрастот на бојата или големината на фонтот;
  • За да запомниме/да се потсетиме, дали се согласувате (или не) со нашето користење на колачиња (cookies) на оваа веб страница.

Кога ја посетувате нашата веб страница, можеме да собереме некои податоци од Вашето пребарување, како на пример IP адресата, која содржина од веб страницата на „Канмак“ сте ја посетиле, кога сте ја посетиле и од која веб страница сте биле пренасочени.

Кога ја посетувате нашата веб страна користиме услуга на трета страна „Гугл Аналитикс“ (Google Analytics) да собереме стандардни информации за пристапот и детали за однесувањето на посетителите, но на начин без да може некој да биде идентификуван, ниту е овозможено „Гугл“ (Google) да ги открие идентитетот на оние кои ја посетиле нашата веб страна.

Каков вид на колачиња (cookies) користиме?

На веб-страницата на „Канмак“ користиме постојани колачиња (cookies) кои го памтат пребарувањето/сесијата кога корисникот ќе го исклучи пребарувачот, со цел да се задржи состојбата на корисникот, како и привремени колачиња кои се отстрануваат од компјутерот по затворањето на пребарувачот, а со чија помош веб-местата зачувуваат привремени податоци, како што се ставките во кошничката за купување.

Неопходни

Неопходни се техничките колачиња без кои веб-страницата нема да функционира и кои ги овозможуваат нејзините основни функции, како на пример навигација и пристап до безбедни зони на веб-страницата. Прибирањето и обработката на информации преку употреба на техничките колачиња се апсолутно неопходни за правилно функционирање на веб-страницата и поради таа причина, нивното деактивирање не е возможно.

Статистички

Статистичките колачиња ни помагаат да ја разбереме интеракцијата на посетителите со страницата (вкупен број корисници и нивното однесува на нашата веб-страница), анонимно прибирање и пријавување информации. Оваа веб-страница користи сервиси за мерење на посетеност и тоа е: Google Analytics. Ниту врз основа на вака прибраните податоци не е можна идентификација на корисникот, а прибраните податоци се користат исклучиво во статистички цели.

Маркетинг колачиња

Маркетинг колачињата се користат за да им прикажат на корисниците на веб-страницата реклами поврзани со навигацијата и за овие колачиња, експлицитна согласност од корисникот е неопходна. Освен во случајот на Трети Лица (Third Party) Маркетинг Колачиња од Социјални Медиуми, каде согласноста им се дава на Социјалните Медиуми.

Приклучоци за Социјални Медиуми: им ги овозможуваат на корисниците сите функционалности кои ги нудат социјалните медиуми, а се во согласност со мислењето на Комисиите на ЕУ за исклучоците при согласност. Но и покрај тоа, со користење на нашата веб-страница за тие исклучоци да бидат дозволени, корисникот мора да биде најавен на некој социјален медиум, а во спротивен случај- експлицитна согласност е неопходна. Во случај корисникот да ја забрани употребата на такви колачиња на соодветните Социјални Медиуми, таквите колачиња нема да бидат прикачени.

Приматели на колачиња

Неопходните и статистичките податоци што ќе бидат прибрани од датотеките на Колачињата, во зависност од случајот, можат да им бидат објавени на ИТ компании со кои соработуваме, провајдери на веб-страници и провајдери за ажурирање / снимање на колачиња, за да можат да ја следат оптималната конфигурација и/или нејзиното одржување.

Можете ли да ги избришете или контролирате колачињата (cookies)?

Информациите поврзани со колачињата (cookies), не се користат за Ваше лично идентификување. Прифаќањето на овие колачиња (cookies) не е неопходно за работа на веб страницата, но истите би Ви овозможиле подобро искуство во пребарувањето. Доколку сакате овие колачиња (cookies) можете да ги избришете или блокирате, но ако го сторите тоа некои карактеристики на оваа веб страна можеби нема да работат правилно.

Можете да ги избришете сите колачиња (cookies) кои веќе се наоѓаат на Вашиот компјутер и можете да ги подесите поголемиот дел од пребарувачите за нивно спречување. Доколку го сторите ова, можеби ќе има потреба рачно да ги прилагодувате преференциите секој пат кога посетувате веб страна, а исто така можно е да не работат и некои услуги и функционалноста.

Подолу ќе најдете примери за најчести верзии на веб-пребарувачи, каде можете да добиете информации за тоа како да ги оневозможите колачињата.

Google Chrome: https://support.google.com/chrome/answer/95647?hl=en-GB

Internet Explorer: https://support.microsoft.com/en-ca/help/278835/how-to-delete-cookie-files-in-internet-explorer

Mozilla Firefox: https://support.mozilla.org/uk/kb/enhanced-tracking-protection-firefox-desktop?redirectlocale=en-US&redirectslug=enable-and-disable-cookies-website-preferences

Safari: https://support.apple.com/guide/safari/manage-cookies-and-website-data-sfri11471/mac

Политика за приватност и заштита на лични податоци

ОПШТО

Оваа Политика на приватност појаснува како ние, КАНМАК ДОО Скопје, во својство на Контролор на лични податоци (во понатамошниот текст: КАНМАК) ги обработуваме личните податоци кои доброволно се дадени од страна на корисниците на веб страната canmak.mk. Оваа Политика на приватност се однесува само за canmak.mk и поддомените, а доколку е присутен линк кој поврзува со други веб страни, ние не преземаме никаква одговорност во однос на заштитата на личните податоци која ја обезбедуваат тие веб страни. Со користење на ова веб-страна, корисникот се согласува со условите на оваа Политика за приватност.

Доколку не се согласувате со оваа Политика, ве молиме да го прекинете пристапот до веб страната.

КОИ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ СЕ ОБРАБОТУВААТ

-Податоци потребни за online купување на производи од нашата веб страна. Кога сакате да направите онлајн нарачка на производ, ќе треба да ни ги дадете следните податоци: име, презиме на купувач,телефонски број и адреса за достава на прозвод. Овие податоци се потребни за реализација на направената онлајн нарачка,  достава на пратката како и за водење на сметководствената евиденција.

-Податоци за плаќањето. Кога правите online нарачка на производи со опција за плаќање со картичка, ги оставате податоците од платежната картичка. canmak.mk не собира никакви информации од финансиска природа како број на картичка и/или број на банкарска сметка. Податоците поврзани со успешна реализација на плаќањето ќе бидат чувани и користени исклучиво од страна на НЛБ Тутунска Банка . Трансакцијата при наплаќање на производот е пренасочена и се процесира преку порталот за наплата од кредитни картички на НЛБ Тутунска Банка. Порталот користи современа заштитa на податоците и сите процеси се одвивааат преку сигурна конекција со Банката.

-Автоматски собрани податоци, односно податоци за посетителите на веб-страната canmak.mk. Овие податоци се користат за анализа и подобрување на техничката функционалност на нашата веб-страна заради обезбедување на персонализирана содржина на веб-страната, односно подобро да се одговори на индивидуалните потреби на корисниците. За подетални информации отворете ја секцијата Колачиња.

ЦЕЛ НА ОБРАБОТКА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

Вашите лични податоци се собрани врз основа на добиена согласност од Ваша страна, поради следните цели:

  • успешна достава на производите и реализација на плаќањето;
  • испраќање информации преку е-маил за производи, понуди, новости кои би можеле да ве интересираат. Овие информации ви ги испраќаме само доколку сте избрале да добивате пораки од КАНМАК по е-маил. Во кое било време можете да изберете повеќе да не ја користите оваа опција со следење на инструкциите дадени во самиот е-маил.
  • автоматско собирање на податоци со цел подобрување на Вашето корисничко искуство преку овозможување на подетални информации за проиводите кои Ве интересираат, најновите попусти, промоции и новитети застапени во КАНМАК.

КАНМАК ги користи податоците исклучиво за целите за кои се првично собрани, не ги открива личните податоци на трети лица, совен во случаите кога третите лица се јавуваат во својство на обработувачи на лични податоци (фирми за достава на производи) на кои им е потребно да ги знаат таквите податоци само во разумни рамки на доверените овластувања и законски ограничувања и истите не смеат да ги обработуваат за никакви други цели, ниту да ги доставуваат на трети лица.

Со исклучок, лични податоци може да бидат откриени единствено по барање на државни органи до степенот што се бара со закон или регулатива, под услов пред да се направи такво откривање потребно со закон, КАНМАК ќе му даде на субјектот на лични податоци предходни информации за барањето и содржината на таквото откривање, како што е практично, под околностите.

ПОЛИТИКА ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ ЗА ЦЕЛИ НА ДИРЕКТЕН МАРКЕТИНГ

Личните податоци кои се обработуваат преку веб страницата www.canmak.mk (во понатамошниот текст: веб страница) може да се користат за директен маркетинг единствено по дадена согласност од страна на лицата чии податоци се обработуваат (во понатамошниот текст: давател на согласност или давател).

Согласноста за користење на лични податоци за цели на директен маркетинг се дава при регистрацијата на веб страницата со избирање на опцијата – се согласувам да добивам известувања на и-меил (Newsletter), со што дадената согласност се однесува исклучиво за целите на директен маркетинг со испраќање на известувања и маркетинг материјали на и-меил адресата дадена од страна на давателот на согласноста, без притоа да се врзува ваквата согласност со губење на било кое друго право на давателот во однос на услугите кои се обезбедуваат преку веб страницата.

Секое лице кое дало согласност за користење на неговите лични податоци за цели на директен маркетинг има право во секое време, бесплатно и со користење на едноставни средства да ја повлече согласноста за обработка на неговите лични податоци за цел на директен маркетинг со кликнување на опцијата unsubscribe from this list (за повлекување на согласност), која опција се наоѓа на долниот дел, односно на крајот на страницата на сите маркетинг материјали кои се  доставуваат за целите на директен маркетинг по основ на дадената согласност, без притоа да се врзува ваквото повлекување на согласност за цели на директен маркетинг со губење на било кое друго право на давателот во однос на услугите кои се обезбедуваат преку веб страницата.

ПЕРИОД НА ЧУВАЊЕ НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

Вашите лични податоци ќе бидат чувани се додека не биде повлечена согласноста за давање на податоците. Дадената согласност, може да биде повлечена во секое време, бесплатно и на едноставен начин.

ИНФОРМАЦИИ И ПРИСТАП ДО ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

Субјектот на лични податоци има право:

  • да побара пристап, исправка или бришење на личните податоци или ограничување на обработката на лични податоци,
  • на приговор за обработката како и право на преносливост на податоците.
  • да побара повлекување на согласноста за давање на податоците.

Вашите права наведени во Политиката на приватност може да ги остварите со испраќање на е-маил на следната адреса: contact@canmak.mk

За остварување на сите Ваши права кои се однесуваат на заштитата на лични податоци може да се обратите до офицерот за заштита на лични податоци на КАНМАК Скопје.

Офицер за заштита на лични податоци во КАНМАК ДОО Скопје

Кристијан Евго

Телефон за контакт: 071-327-597

e-mail:kristijan@canmak.mk

РЕГИСТРАЦИЈА

Вашите лични податоци кои ги собираме при регистрација на вашиот профил се: име, адреса за достава, е-меил адреса и телефонски број. Вашите лични податоци ги користиме само за да ви овозможиме да правите нарачки и да ви овозможиме достава на нарачаните производи. Податоците што ги оставате при регистрација не се архивираат, можете да ги промените или избришете во било кој момент. На вашата е-меил адреса ќе добивате само пораки поврзани со вашите нарачки и нема да добивате маркетинг пораки освен ако се претплатите на нашиот newsletter. Во секој newsletter или е-меил порака има линк преку кој можете да ја откажете вашата претплата во секој момент.

ПРОДАВНИЦА

https://canmak.mk/shop2/ е сигурна веб страница. Кога ќе влезете на нашата checkout страница, Вие се наоѓате на сигурен сервер кој што користи Secure Socket Layer (SSL) технологија, која ги заштитува Вашите лични податоци и се грижи сите трансакции поврзани со плаќања да бидат безбедни и да бидат спроведени без никакви попречувања. Вашите информации од платежните картички и Вашите лични податоци се шифрирани со помош на оваа технологија и се зачувуваат во една безбедна средина. Вашите лични податоци при плаќање не ги чуваме на наш сервер, ги споделувате директно со банката преку безбедна конекција.

БЕЗБЕДНОСТ НА ВАШИТЕ ПОДАТОЦИ

Податоците кои Вие ги оставате на нашата страница се целосно безбедни. www.canmak.mk ја почитува Вашата приватност и било каква лична информација како (Вашето име, телефонски број, адреса за достава, е-маил адреса, порачани производи) е менаџирана од страна на www.canmak.mk во една сигурна и заштитена средина и нема никогаш да биде пренесена на некоја трета страна без Ваша претходна дозвола.

Вашите лични податоци можете да ги ажурирате или избришете со најава на вашата корисничка сметка при регистрирање на вашиот профил. Исто така можете да не’ известите за некаква нивна промена или доколку сакате вашите лични податоци да бидат избришани, на следнава е-маил адреса: contact@canmak.mk.

БЕЗБЕДНОСТ НА ВАШИТЕ ПЛАЌАЊА

За да ги направиме Вашите плаќања со платежни картички за производите кои Вие ги нарачувате од нас што е можно побезбедни, сите Ваши информации се шифрираат со помош на Secure Socket Layer (SSL) технологија. Ова значи дека информациите се пренесуваат преку безбедна конекција на Вашата платежна картичка со нашите партнери НЛБ Тутунска Банка, и овие информации не можат да бидат прочитани од нас или било која друга надворешна страна.

За префрлување на Вашите плаќања на нашата сметка ние соработуваме со авторизирани компании, кои ни помагаат да ја верифицираме валидноста на вашата платежна картичка и да ги менаџираме сите трансакции на сигурен начин. Нашите партнери ги процесираат Вашите целокупни детали од платежните картички во согласност со интернационалните сигурносни стандарди зад кои стојат компаниите VISA, MASTERCARD и DINERS. Ова значи дека со информациите од Вашите платежни картички се постапува на еден начин кој има висока безбедност.

ЗАШТИТА НА ПРИВАТНОСТ НА МАЛОЛЕТНИ ДЕЦА

КАНМАК не собира намерно никакви лични податоци од лица под 18 годишна возраст. Ако сте родител или законски старател кој открил дека Вашето малолетно дете обезбедило лични податоци преку нашата веб страна без Ваша согласност, можете да побарате од нас да ги отстраниме таквите неовластени информации со испраќање нa меил на следната меил адреса: contact@canmak.mk

ПРОМЕНА НА ПОЛИТИКАТА НА ПРИВАТНОСТ

КАНМАК има право да врши промени на оваа политика. Доколку се извршат одредени промени во Политиката на приватност, истите ќе бидат објавени на оваа веб страна. Корисникот се согласува дека е негова одговорност периодично да ја проверува Политиката на приватност и дека е свесен за промените.

ЗНАЧЕЊЕ НА ИЗРАЗИТЕ

Личен податок е секоја информација која се однесува на идентификувано физичко лице или физичко лице кое може да се идентификува (субјект на лични податоци), а физичко лице кое може да се идентификува е лице чиј идентитет може да се утврди директно или индиректно, посебно врз основа на идентификатор како што се име и презиме, матичен број на граѓанинот, податоци за локација, идентификатор преку интернет, или врз основа на едно или повеќе обележја специфични за неговиот физички, физиолошки, генетрски, ментален, еконосмки, културен или социјален идентитет на тоа физичко лице.

Субјект за лични податоци е секое физичко лице на кое се однесуваат обработените податоци. Посетителите на веб сајтот canmak.mk се субјекти на лични податоци

Обработка на лични податоци  е секоја операција или збир на операции што се изведуваат врз личните податоци на автоматски или друг начин како што е: собирање, евидентирање, организирање, чување, приспособување или промена, повлекување, консултирање, употреба, откривање преку пренесување, објавување или на друг начин правење достапни, изедначување, комбинирање, блокирање или уништување;

Контролор на лични податоци е физичко или правно лице, орган на државната власт, државен орган или правно лице основано од државата за вршење на јавни овластувања, кое самостојно или заедно со други ги утврдува целите и начинот на обработка на личните податоци. КАНМАК ДОО Скопје е контролор на лични податоци.

Обработувач на лични податоци е физичко или правно лице, орган на државната власт, државен орган или правно лице основано од државата за вршење на јавни овластувања, агенција или друго тело кое ги обработува личните податоци во име на контролорот.

ДЕТАЛИ ЗА КОМУНИКАЦИЈА

КАНМАК ДОО СКОПЈЕ

Адреса: Балзакова 5/9, 1000 Скопје

Телефон (Инфо): +389 2 2770593

Интернет-страница: www.canmak.mk
Адреса на е-пошта: contact@canmak.mk

За Нас

За нас

Канмак е официјален дистрибутер на BRITA, германскиот производител на филтри за вода за домаќинства. Веќе 50 години БРИТА е инволвирана во филтрација на вода, посветена на иднината на овој есенцијален ресор. Како лидер на интернационалниот пазар во категорија на филтер системи за домаќинства , БРИТА е фокусирана на визијата на Светот во кој водата за пиење со највисок квалитет е достапна за сите во секој момент.



Производи

Производи

Продажни места

Продажни места

КАНМАК ДОО СКОПЈЕ – ЕДБ МК4030991209108 – телефони за нарачки и информации 02/2770593, 071327597

увозник и единствен овластен дистрибутор во Р.С. Македонија

e-mail: contact@canmak.mk, интернет продавница: https://canmak.mk/shop2/

Овластени продажни места на КАНМАК:

*Аптеки 2005 Вивафарм - Прилеп
ул. Кузман Јосифоски 59 ;
*Аптеки Жанина - Струмица,
ТЦ Глобал тел. 037/346-972

Елипсо Олимписки Базен;

работнo време: пон-пет: 08.00-20.30, сабота: 09.00-17.00 ; контакт: тел: :+389 (0) 2 3224 950
e-mail: elipsocentar@rimeko.com.mk



Контакт

Контакт

 



 

 

© Канмак 2016 - Сите права се задржани

designed & developed by BTSAF