Elemaris Cool Meter

Филтер бокалот Elemaris е совршена комбинација на модерен дизајн и софистицирана технологија. Brita Meter ја мери тврдоста на водата додека бокалот се полни, ја мери количината на вода што се филтрира и векот на употреба на кертриџот. Brita Meter го одредува оптималното време за промена на кертриџот и можете да уживате во секое време на совршено филтрирана вода. Вкупен капацитет – 2,4л.
Зошто BRITA?
- Перфектен вкус
Свежо Brita филтрираната вода содржи помалку мириси и вкусови од проблематични супстанции.
- MAXTRA филтер технологија
Технологија MAXTRA која ја преобразува водата од чешма во свежа, Brita филтрирана вода. Технологијата Brita го намалува каменецот, хлорот и мирисите, како и некои тешки метали и други супстанции присутни во водата од водоводот. Домашните апарати (пр. кафемат) се заштитени од таложење на каменец. Ова заштедува време и трошоци за мембранска пумпа и го продолжува животот на вашата опрема.
- Квалитет & Дизајн
250 милиони луѓе низ целиот свет секој ден употребуваат Brita. Brita не само што е пронаоѓач на бокалите за филтрирање за вода, туку се обврза од основањето на компанијата во 1966 година, континуирано да ги подобрува и надградува своите производи. Квалитетот на Brita е потврден од TUV Германија, како и од други независни институти за сертифицирање на квалитет.
- Elemaris Карактеристики
Новиот електронски Brita Meter индикатор го одредува оптималното време за промена на кертриџот и можете да уживате во секое време на совршено филтрирана вода. Elemaris стои цврсто на подлога благодарение на гумираното дно, не се лизга, а исто така ја штити површината од гребнатинки. Со ергономскиот облик на меката рачка безбедно стои во вашата рака. Поклопецот е опремен со капаче кое се отвара под самиот налет на млазот вода од чешма.