Хлор во водата за пиење причинител на тешки заболувања?

Хлорот долго време се употребува за дезинфекција на вода бидејќи го контролира размножувањето на непожелните бактерии како Ешерихија Коли. Тој е присутен во секој базен, во водата од јавниот водовод со која се тушираме, готвиме и која ја пиеме.

ХЛОР

Како се изложуваме на хлор?

Дури и со долги туширања или употреба на базени хлорот навлегува во телото преку кожата, очите, носот, ушите.

Генерално има три вообичаени начини на изложување на хлор:

* Абсорпција преку кожата
* Пиење & јадење
* Вдишување на гасови создадени од хлор

Да напоменеме дека дури и луѓето што не пливаат туку само седат покрај базените се изложени на хлор. Во одредени случаи, не-пливачи на тестовите покажуваат високо ниво на трихлорамини.  Ова значи дека треба да бидете свесни за опасностите на навидум безбедните и невини активности како одење на базен.

Кои се симптомите на токсично ниво на хлорот во нашиот организам?

Истражувањата покажале дека долготрајно изложување на хлор води до производство на слободни радикале во телото. Слободните радикали се канцерогени и предизвикуваат големо оштетување на нашите клетки.

  • Ризикот за заболување од рак е 93% повисок кај луѓе што пијат или се изложени на хлорирана вода² Хлорот е потенцијален здравствен проблем подеднакво кај деца и возрасни и треба да се сфати сериозно.

Според Белгијската студија издадена во 2003-та, одредени супстанции како трихлорамини се испуштаат секој пат кога хлорот ќе дојде во контакт со органски материи (како пот или урина) од луѓето.³ Се верува дека трихлорамините иницираат биолошки процес кој ефикасно ги уништува заштитните бариери на клетките околу плуќата.
Деца изложени на големи количини на хлор можат потенцијално да страдаат од астматични напади. Во друга научна студија, стаорци изложени на хлор и хлорамини развиле тумори во бубрезите и трестисите.
Хлорот може сериозно да ја надразне, дури и изгори кожата која е директно изложена на хлор. Истото се случува и со очите и грлото.

Едноставно кажано, хлорот е пестицид чија единствена улога е да убие живи организми. Кога пиеме хлорирана вода, хлорот убива дел од нас, убива клетки и ткива во нашиот организам. Д-р Роберт Карлсон, високо ценет професор на Универзитетот на Минесота, сумира “проблемот со хлорот е сличен на тој со загадувањето на воздухот”, и додава дека “хлорот е најголемиот осакатувач и убиец на модерното време!”

Ракот на дојката, од кој денес заболува секоја 8ма жена во САД, неодамна беше поврзан со акомулација на соединенија на хлор во ткивата на дојката. Студијата која беше направена во Хартфорд Конектикат, прва од таков вид во САД, откри дека, “жени со рак на дојка имаат  50% до 60% повисоко ниво на органохлорини (бипродукти на хлорирање) во нивните ткива на дојките од жените без рак на дојка.”

Една од најшокирачките делови на овие студии е дека 2/3 од нашето штетно изложување на хлор е инхалација на пареа и абсорпција преку кожа за време на туширање. Топлата вода ги отвара порите на нашата кожа со што се зголемува абсорпцијата на хлор и други хемикалии од водата. Пареата која ја вдушуваме за време на туширање може да содржи до 50 пати поголемо ниво на хемикалии од водата за пиење само поради фактот дека хлорот испарува многу побрзо и на пониска температура од водата. Инхалацијата е и многу поопасна бидејќи директно оди во нашиот крвоток.

Кога пиеме контаминирана вода со токсини нашите бубрези и дигестивниот систем делумно ги прочистуваат токсините. Пареата од хлор се познати силни иританти користени како хемиско оружје во Втората Светска Војна. Вдишување на пареа од хлор предизвикува асма и бронхитис, особено кај деца, што е зголемено за 300% во последните две декади.
Хлорот во водата за туширање има и негативен козметички ефект, кожата и косата ја губат влажноста и еластичноста што резултира со помалку вибрантен и младолик изглед т.е. прерано стареење.

На страна од здравствените опасности, хлорот е и примарен загадувач на водата за пиење која има лош мирис и вкус.  Тој вкус ги тера луѓето да се насочат кон пиење други, нездрави напитоци како газирани пијалоци, ладен чај и други заблажени пијалоци. Намален внес на вода,од било која причина, резултира со намалување на здравјето.

Добрата вест е дека хлорот е една од супстанциите која најлесно се одстранува од водата. Затоа хлорот, логично, е корисен за уништување на штетните материи од водата за пиење се’ до моментот на конзумација кога треба да се отстрани преку филтрација на водата.

Elemaris glavna slika

Брита филтрите успешно го отстрануваат хлорот и соединенијата на хлорот од водата за пиење. Ниската цена на чинење на филтер патроните на Брита ги прават достапни за секој и се незаменлив дел од секојдневието на повеќе од 150 милиони корисници низ целиот свет. Повеќе за Брита производите на https://canmak.mk/shop2/ .

РЕФЕРЕНЦИ:

1. Скриената опасност од хлорот во нашата вода за туширање. http://ezinearticles.com/?The‐Hidden‐Danger‐Of‐Chlorine‐
In‐Our‐Bath‐Water&id=71857.
Andie Klein.
2. Опасностите од хлорот. http://curezone.com/art/read.asp?ID=21&db=3&CO=7.
Jerry Smith. 29 May 2008.
3. Опасностите од хлорот? http://www.drweil.com/drw/u/id/QAA361110.
Dr. Andrew Weil.

© Канмак 2016 - Сите права се задржани

designed & developed by BTSAF