Политика за приватност и заштита на лични податоци

ОПШТО

Оваа Политика на приватност појаснува како ние, КАНМАК ДОО Скопје, во својство на Контролор на лични податоци (во понатамошниот текст: КАНМАК) ги обработуваме личните податоци кои доброволно се дадени од страна на корисниците на веб страната canmak.mk. Оваа Политика на приватност се однесува само за canmak.mk и поддомените, а доколку е присутен линк кој поврзува со други веб страни, ние не преземаме никаква одговорност во однос на заштитата на личните податоци која ја обезбедуваат тие веб страни. Со користење на ова веб-страна, корисникот се согласува со условите на оваа Политика за приватност.

Доколку не се согласувате со оваа Политика, ве молиме да го прекинете пристапот до веб страната.

КОИ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ СЕ ОБРАБОТУВААТ

-Податоци потребни за online купување на производи од нашата веб страна. Кога сакате да направите онлајн нарачка на производ, ќе треба да ни ги дадете следните податоци: име, презиме на купувач,телефонски број и адреса за достава на прозвод. Овие податоци се потребни за реализација на направената онлајн нарачка,  достава на пратката како и за водење на сметководствената евиденција.

-Податоци за плаќањето. Кога правите online нарачка на производи со опција за плаќање со картичка, ги оставате податоците од платежната картичка. canmak.mk не собира никакви информации од финансиска природа како број на картичка и/или број на банкарска сметка. Податоците поврзани со успешна реализација на плаќањето ќе бидат чувани и користени исклучиво од страна на НЛБ Тутунска Банка . Трансакцијата при наплаќање на производот е пренасочена и се процесира преку порталот за наплата од кредитни картички на НЛБ Тутунска Банка. Порталот користи современа заштитa на податоците и сите процеси се одвивааат преку сигурна конекција со Банката.

-Автоматски собрани податоци, односно податоци за посетителите на веб-страната canmak.mk. Овие податоци се користат за анализа и подобрување на техничката функционалност на нашата веб-страна заради обезбедување на персонализирана содржина на веб-страната, односно подобро да се одговори на индивидуалните потреби на корисниците. За подетални информации отворете ја секцијата Колачиња.

ЦЕЛ НА ОБРАБОТКА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

Вашите лични податоци се собрани врз основа на добиена согласност од Ваша страна, поради следните цели:

КАНМАК ги користи податоците исклучиво за целите за кои се првично собрани, не ги открива личните податоци на трети лица, совен во случаите кога третите лица се јавуваат во својство на обработувачи на лични податоци (фирми за достава на производи) на кои им е потребно да ги знаат таквите податоци само во разумни рамки на доверените овластувања и законски ограничувања и истите не смеат да ги обработуваат за никакви други цели, ниту да ги доставуваат на трети лица.

Со исклучок, лични податоци може да бидат откриени единствено по барање на државни органи до степенот што се бара со закон или регулатива, под услов пред да се направи такво откривање потребно со закон, КАНМАК ќе му даде на субјектот на лични податоци предходни информации за барањето и содржината на таквото откривање, како што е практично, под околностите.

ПОЛИТИКА ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ ЗА ЦЕЛИ НА ДИРЕКТЕН МАРКЕТИНГ

Личните податоци кои се обработуваат преку веб страницата www.canmak.mk (во понатамошниот текст: веб страница) може да се користат за директен маркетинг единствено по дадена согласност од страна на лицата чии податоци се обработуваат (во понатамошниот текст: давател на согласност или давател).

Согласноста за користење на лични податоци за цели на директен маркетинг се дава при регистрацијата на веб страницата со избирање на опцијата – се согласувам да добивам известувања на и-меил (Newsletter), со што дадената согласност се однесува исклучиво за целите на директен маркетинг со испраќање на известувања и маркетинг материјали на и-меил адресата дадена од страна на давателот на согласноста, без притоа да се врзува ваквата согласност со губење на било кое друго право на давателот во однос на услугите кои се обезбедуваат преку веб страницата.

Секое лице кое дало согласност за користење на неговите лични податоци за цели на директен маркетинг има право во секое време, бесплатно и со користење на едноставни средства да ја повлече согласноста за обработка на неговите лични податоци за цел на директен маркетинг со кликнување на опцијата unsubscribe from this list (за повлекување на согласност), која опција се наоѓа на долниот дел, односно на крајот на страницата на сите маркетинг материјали кои се  доставуваат за целите на директен маркетинг по основ на дадената согласност, без притоа да се врзува ваквото повлекување на согласност за цели на директен маркетинг со губење на било кое друго право на давателот во однос на услугите кои се обезбедуваат преку веб страницата.

ПЕРИОД НА ЧУВАЊЕ НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

Вашите лични податоци ќе бидат чувани се додека не биде повлечена согласноста за давање на податоците. Дадената согласност, може да биде повлечена во секое време, бесплатно и на едноставен начин.

ИНФОРМАЦИИ И ПРИСТАП ДО ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

Субјектот на лични податоци има право:

Вашите права наведени во Политиката на приватност може да ги остварите со испраќање на е-маил на следната адреса: contact@canmak.mk

За остварување на сите Ваши права кои се однесуваат на заштитата на лични податоци може да се обратите до офицерот за заштита на лични податоци на КАНМАК Скопје.

Офицер за заштита на лични податоци во КАНМАК ДОО Скопје

Кристијан Евго

Телефон за контакт: 071-327-597

e-mail:kristijan@canmak.mk

РЕГИСТРАЦИЈА

Вашите лични податоци кои ги собираме при регистрација на вашиот профил се: име, адреса за достава, е-меил адреса и телефонски број. Вашите лични податоци ги користиме само за да ви овозможиме да правите нарачки и да ви овозможиме достава на нарачаните производи. Податоците што ги оставате при регистрација не се архивираат, можете да ги промените или избришете во било кој момент. На вашата е-меил адреса ќе добивате само пораки поврзани со вашите нарачки и нема да добивате маркетинг пораки освен ако се претплатите на нашиот newsletter. Во секој newsletter или е-меил порака има линк преку кој можете да ја откажете вашата претплата во секој момент.

ПРОДАВНИЦА

https://canmak.mk/shop2/ е сигурна веб страница. Кога ќе влезете на нашата checkout страница, Вие се наоѓате на сигурен сервер кој што користи Secure Socket Layer (SSL) технологија, која ги заштитува Вашите лични податоци и се грижи сите трансакции поврзани со плаќања да бидат безбедни и да бидат спроведени без никакви попречувања. Вашите информации од платежните картички и Вашите лични податоци се шифрирани со помош на оваа технологија и се зачувуваат во една безбедна средина. Вашите лични податоци при плаќање не ги чуваме на наш сервер, ги споделувате директно со банката преку безбедна конекција.

БЕЗБЕДНОСТ НА ВАШИТЕ ПОДАТОЦИ

Податоците кои Вие ги оставате на нашата страница се целосно безбедни. www.canmak.mk ја почитува Вашата приватност и било каква лична информација како (Вашето име, телефонски број, адреса за достава, е-маил адреса, порачани производи) е менаџирана од страна на www.canmak.mk во една сигурна и заштитена средина и нема никогаш да биде пренесена на некоја трета страна без Ваша претходна дозвола.

Вашите лични податоци можете да ги ажурирате или избришете со најава на вашата корисничка сметка при регистрирање на вашиот профил. Исто така можете да не’ известите за некаква нивна промена или доколку сакате вашите лични податоци да бидат избришани, на следнава е-маил адреса: contact@canmak.mk.

БЕЗБЕДНОСТ НА ВАШИТЕ ПЛАЌАЊА

За да ги направиме Вашите плаќања со платежни картички за производите кои Вие ги нарачувате од нас што е можно побезбедни, сите Ваши информации се шифрираат со помош на Secure Socket Layer (SSL) технологија. Ова значи дека информациите се пренесуваат преку безбедна конекција на Вашата платежна картичка со нашите партнери НЛБ Тутунска Банка, и овие информации не можат да бидат прочитани од нас или било која друга надворешна страна.

За префрлување на Вашите плаќања на нашата сметка ние соработуваме со авторизирани компании, кои ни помагаат да ја верифицираме валидноста на вашата платежна картичка и да ги менаџираме сите трансакции на сигурен начин. Нашите партнери ги процесираат Вашите целокупни детали од платежните картички во согласност со интернационалните сигурносни стандарди зад кои стојат компаниите VISA, MASTERCARD и DINERS. Ова значи дека со информациите од Вашите платежни картички се постапува на еден начин кој има висока безбедност.

ЗАШТИТА НА ПРИВАТНОСТ НА МАЛОЛЕТНИ ДЕЦА

КАНМАК не собира намерно никакви лични податоци од лица под 18 годишна возраст. Ако сте родител или законски старател кој открил дека Вашето малолетно дете обезбедило лични податоци преку нашата веб страна без Ваша согласност, можете да побарате од нас да ги отстраниме таквите неовластени информации со испраќање нa меил на следната меил адреса: contact@canmak.mk

ПРОМЕНА НА ПОЛИТИКАТА НА ПРИВАТНОСТ

КАНМАК има право да врши промени на оваа политика. Доколку се извршат одредени промени во Политиката на приватност, истите ќе бидат објавени на оваа веб страна. Корисникот се согласува дека е негова одговорност периодично да ја проверува Политиката на приватност и дека е свесен за промените.

ЗНАЧЕЊЕ НА ИЗРАЗИТЕ

Личен податок е секоја информација која се однесува на идентификувано физичко лице или физичко лице кое може да се идентификува (субјект на лични податоци), а физичко лице кое може да се идентификува е лице чиј идентитет може да се утврди директно или индиректно, посебно врз основа на идентификатор како што се име и презиме, матичен број на граѓанинот, податоци за локација, идентификатор преку интернет, или врз основа на едно или повеќе обележја специфични за неговиот физички, физиолошки, генетрски, ментален, еконосмки, културен или социјален идентитет на тоа физичко лице.

Субјект за лични податоци е секое физичко лице на кое се однесуваат обработените податоци. Посетителите на веб сајтот canmak.mk се субјекти на лични податоци

Обработка на лични податоци  е секоја операција или збир на операции што се изведуваат врз личните податоци на автоматски или друг начин како што е: собирање, евидентирање, организирање, чување, приспособување или промена, повлекување, консултирање, употреба, откривање преку пренесување, објавување или на друг начин правење достапни, изедначување, комбинирање, блокирање или уништување;

Контролор на лични податоци е физичко или правно лице, орган на државната власт, државен орган или правно лице основано од државата за вршење на јавни овластувања, кое самостојно или заедно со други ги утврдува целите и начинот на обработка на личните податоци. КАНМАК ДОО Скопје е контролор на лични податоци.

Обработувач на лични податоци е физичко или правно лице, орган на државната власт, државен орган или правно лице основано од државата за вршење на јавни овластувања, агенција или друго тело кое ги обработува личните податоци во име на контролорот.

ДЕТАЛИ ЗА КОМУНИКАЦИЈА

КАНМАК ДОО СКОПЈЕ

Адреса: Балзакова 5/9, 1000 Скопје

Телефон (Инфо): +389 2 2770593

Интернет-страница: www.canmak.mk
Адреса на е-пошта: contact@canmak.mk

© Канмак 2016 - Сите права се задржани

designed & developed by BTSAF