Што е јаглероден отпечаток и зошто е битен?

Јаглероден отпечаток или “carbon footprint” е пресметка на вкупните емисии на стакленички гасови на некој објект за време на својот животен век. Поедноставно кажано, покажува колку јаглероден диоксид еден објект испушта во атмосферата за време на својот животен циклус или век.

Од 2010 година, BRITA употребува 100% TÜV-сертифициранa, “environmentally-friendly” хидро енергија во седиштето (администрација и производство) во Таунуштаин (Taunusstein). Оваа употреба на “зелена енергија” резултира со годишна заштеда на CO₂ од 2540 тони, што е еднакво на јаглеродниот отпечаток на 1500 домови со по едно четворочлено семејство. BRITA употребува 100% еко-електрична енергија во производствените капацитети во Германија, Обединетото Кралство, Швајцарија и Италија. Во 2015 BRITA го пресмета првиот корпоративен јаглероден отпечаток, што беше надгледувано и ревизирано од  Pricewaterhouse Coopers.

Од почетокот на 2012, BRITA им овозможува на своите потрошувачи да допринесат кон заштита на животната средина и успорување на климатските промени. Институтот ИФАС “The Institute of Applied Material Flow Management” при Универзитетот за применети науки во Триер, Германија – “University of Applied Sciences Trier” – го пресмета јаглеродниот отпечаток на типичен BRITA филтер систем (филтер бокал со кертриџ). Споредено со флаширана вода, количината на јаглерод диоксид кој еден филтер систем ја произведува за време на својот животниот циклус е значително помала т.е. 7g CO₂/литар споредено со 194g CO₂/литар за флаширана вода.

Visual_Small_Footprint_Jpg

Со употребата на BRITA филтрирана вода како алтернатива за флаширана вода, нашите корисници ја намалуваат емисијата на јагледрод диоксид во светот за 250,000 тони – што е еднакво на годишните емисии на 130,000 автомобили.

Генерално свеста на Македонците за јаглеродниот отпечаток е на ниско ниво, едноставно не се грижиме за животната средина, си сфаќаме се’ здраво за готово и мислиме дека тоа што ние го правиме, стилот на живот и нашиот однос кон животната средина нема никакво глобално или во најмала рака регионално влијание. Но грешиме. Постојат многу начини да го намалиме нашиот личен јаглероден отпечаток, со употреба на филтер за вода наместо флаширана вода, со изборот на автомобил и гориво, употреба на масло за готвење кое потоа го истураме во одвод, обновливи извори на енергија наместо фосилни горива (пример инсталирање на мини ветерница или соларни панели во нашите домови), количина на отпад што го креираме и рециклирање на истиот итн.

Запомнете, се’ што правиме одекнува во просторот и времето. Помислете на тоа следниот пат кога ќе ги видите Скопје и Тетово на врвот на листата на најзагадени градови во Европа и запрашајте се дали можеме нешто да промениме. Започнете денес за доброто на нашите деца!

© Канмак 2016 - Сите права се задржани

designed & developed by BTSAF