Политика за испорака

Продуктите се доставуваат за 3-5 работни дена од процесирањето на истата. Доставата се врши во работно време од 09-15ч.

Испораката на нарачките е бесплатна на цела територија на Македонија. Доколку живеете во село, нарачката ќе биде доставена до магацин на курирската служба во најблискиот град, од каде ќе можете сами да ја подигнете во рок од 7 дена. Известување за пристигната пратка ќе добиете од самата курирска служба по смс.

Достава надвор од Македонија не е достапна.

Лицето кое ги дистрибуира пратките ќе ве контактира на вашиот мобилен телефон при што имате можност да закажете втор термин за достава, доколку не сте слободни при првиот обид за достава. По два неуспешни обиди за достава пратката се враќа во магацин на курирската служба од каде ќе можете сами да ја превземете наредните 5 дена или да побарате да ви биде доставена на ваш трошок.

Доставата се врши до врата на адресата што ќе ја внесете при нарачка, ако има услови за тоа т.е. слободен паркинг или пристап до куќата т.е. зградата. Ве молиме при нарачка да внесувате адреса каде најчесто има некој слободен да ја прими пратката. Доставата е секогаш во работно време. Доколку немате никој на домашна адреса во работно време, оставете адреса од вашето работно место. Достава по 16ч не се прави. Доколку оставите адреса каде нема кој да ја прими пратката т.е. при промена на адресата за достава на веќе направена нарачка или повторно праќање на истата пратка, трошоците за повторна достава се на сметка на купувачот.

Поради моменталната ситуација со корона вирусот, курирските служби избегнуваат достава во затворени простории како влез од зграда, за да ги заштитат своите вработени но и вас. Во овој период додека трае пандемијата, доставата ќе биде на отворено пред влезот од вашата зграда т.е. куќа. Се надеваме ќе имате разбирање. Доколку не постои можност да се симнете пред зграда од објективни причини, ве молиме наведете го тоа во забелешка при нарачката или пак јавете ни се нам на телефонските броеви наведени подолу.

За сите прашања околу Политиката на испорака на електронската продавница https://canmak.mk/shop2/ контактирајте не на contact@canmak.mk, или на контакт телефон: (02)277-0593, 071 327-597.

Ви благодариме што пазарите во нашата е-продавница.