Политика за враќање

Постојат 2 (две) опции за враќање на производот:

  1. Доколку производот е погрешно процесиран (добивате различен производ од тој што го имате нарачано);

Канмак ДОО сноси целосна одговорност за враќањето на производот, само дококу истиот е погрешно процесиран од наша страна. Под погрешно процесирање се подразбира: испратен погрешeн производ. Во тој случај потребно е да се јавите на телефон за контакт (02) 277-0593 или да го испратите производот на нашата адреса:

КАНМАК ДОО

Ул. Балзакова 5/9

1000 Скопје

Производот НЕ треба да биде отстранет од оригиналното пакување и треба да ја содржи испратницата која ние Ви ја имаме пратено со истиот. Трошоците поврзани со враќањето ќе бидат подмирени од Канмак ДОО.

Доколку не сме во можност да го замениме производот, на Корисниците ќе им биде понудено рефундирање на уплатените парични средства. Рефундацијата на паричните средства ќе биде процесуирано на трансакциска сметка на ваше име во било која банка која оперира на територијата на Република Северна Македонија.

Прочитајте ги условите за гаранција на производите на БРИТА.

  1. Доколу производот е оштетен

Прочитајте ги условите за гаранција на производите на БРИТА.

При превземање на производот задолжително треба да го проверите. Производите излегуваат од Канмак ДОО во исправна состојба и Канмак не одговара за штети настанати по прием на производот. Доколку производот има фабричко оштетување постои можност производот да се замени, доколку сеуште го има на залиха. Корисникот има право да ги искористи овие опции во најдолг рок од 15 дена по примањето на производот.

Доколку производот што сакате да го замените не е повеќе на залиха ќе ви биде понуден друг соодветен производ или целосно рефундирање.

Канмак ДОО има резервирано право да ја менува Политика за враќање на производи и парични средства. Сите ревизии или промени ќе стапат во сила веднаш со нивното објавување на веб страницата www.canmak.mk . Нашата политика за Враќање на производ и парични средства е достапна на нашата веб страницата. Ви препорачуваме при секоја посета на веб страницата да ги погледнете објавените измени од Политиката за враќање.